Проди во Берлин - поддршка за востановување европски суперкомесар за економска политика
5 март 2004Реклама
Претседателот на Комисијата на ЕУ Романо Проди го поздрави германско-француско-британскиот предлог за востановување функција на заменик-претседател на европската Комисија кој би бил надлежен за спроведување економски реформи. Писмото од државниците на трите земји, упатено до него, наишло на негова "неподелена согласност", рече Проди. Тој вчера престојуваше во Берлин и се состана со германскиот канцелар Герхард Шредер. За европската политика новинарите во Берлин одвај да беа заинтересирани на денот на номинацијата на Хорст Келер за германски сојузен претседател. На Романо Проди му беа упатувани прашања пред се' во врска со досегашниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд. Во случај Келер да биде избран за германски сојузен претседател - што е многу веројатно - Проди рече дека повторно посакува Европеец да го заземе неговото место во ММФ: "Јас сум уверен дека таа функција повторно би требало да ја добие Европеец, зашто на меѓународен план Европа има многу голема тежина".
Проди го поддржува предлогот на Германија, Франција и Велика Британија од тројниот самит во февруари во Берлин за востановување европски суперкомесар за економска политика, но рече дека решението ќе го донесе неговиот наследник, кој во ноември ќе ја преземе функцијата. Шредер и Проди нагласија дека од пролетниот самит на ЕУ на крајот од месецов мора да произлезат силни импулси за стопански пораст во земјите на Унијата. Во однос на европскиот устав, Шредер смета дека би било добро тој да биде донесен за време на ирското претседателство - значи до крајот на јуни. "Има шанси за тоа, но има и отпори, така што не може да се направи сигурна прогноза", рече канцеларот. Проди, пак, зборуваше за "заедничка стратегија" за поддршка на уставниот процес, но не наведе подробности.
Во врска со проширувањето на Унијата, канцеларот изјави: "Претседателот на Комисијата информираше за состојбата со преговорите за пристапување на Романија и Бугарија и даде една позитивна оценка".

Реклама