Претседателот на Бугарија ќе се бира во втор круг
24 октомври 2011Најмногу гласови доби кандидатот на владеачката партија ГЕРБ, Росен Плевнелиев, кој според досегашното пребројување на бирачките ливчиња освоил 39,7%. На второто место се најде кандидатот на опозициските социјалисти Ивајло Калфин, со освоени 29,7%, порача Државната изборна комисија по пребројувањето на 57% од гласовите. Поранешната ЕУ комесарка Меглена Кунева освои само 14,1% од гласовите. Така во вториот круг на изборите следната недела граѓаните ќе можат да бираат меѓу Плевнелиев и Калфин. Комисијата посочи дека излезноста била околу 40%.
Вчера бугарските граѓани бираа и градоначалници и советници во општинските совети. Во главниот град Софија, градоначалничката Јорданка Фандакова од владејачката партија ГЕРБ успеа да добие уште еден мандат.
Автор: ГЧ/ дв
Редактор: А. Трајковска