Ако на почетокот беше само хоби-новина, во последните години технологијата на 3Д-печатена архитектура веќе се користи за создавање на многу нешта: од канцеларии до достапно домување. Сега се чини дека е само прашање кога а не дали таа ќе стане широко распространета градежна техника. Најновиот чекор во оваа област е планот за изградба на првото 3Д-печатено училиште во светот, и тоа на Мадагаскар.