“Полувреме“ на големата коалиција во Берлин
24 август 2007Ги потрошија ли христијанските демократи и социјалдеморатите сите теми за заедничко дејствување веќе на полувремето од легислативниот период? Ваквите оценки на германската опозицијата две години по доаѓањето на власт на кабинетот на канцеларката Ангела Меркел се без подлога во реалноста – смета Петер Штицле во наредниот коментар.
Со преку 70% поддршка од избирачите, актуелната канцеларка Ангела меркел има подобри резултати на половината од мандатат от било кој друг од нејзините претпходници во историјата. Тоа сигурно има врска со добриот имиџ што успеа да го изгради за време на претседавањето со ЕУ во првата половина од годинава и со самитот на Групата Г7 во Хајлигендам. Опозицијата се обидува да ја наруши добрата слика посочувајќи дека владеачката коалиција под Меркел малку што придвижила на внатрешно политички план последната половина година. Со оглед на спомнатите големи обврски на надворешно политички, тоа ионака не би требало никого да го чуди. Но, и без нив реалноста покажува дека коалицијата токму пред летната пауза заврши голема работа постигнувајќи компромисно решение за даночната рефрома кога се во прашање претпријатијата.
Ако подобро се погледна коалициониот договор од ноември 2005-та станува јасно дека владините партии веќе завршиле голем број поставени задачи, а има уште и доволно кои им преостануваат. Тука се реформата на данокот за наследство, реформата на осигурувањето за случај на болест, како и вториот дел од реформата на федеративниот систем.
Освен тоа на дневниот ред времето донесе и нови теми што не беа запишани во коалициониот договор: на пример растечката сиромаштија на децата во земјата, недостатокот на стручни кадри во некои индустриски бранши, распределбата на задачите поврзани со новите обврски што Германија ги презеде на полето на заштитата на климата... Токму на ова последното поле се покажа колку е силна политичката волја за натамошна соработка на коалиционите партнери. Спроти дводневната средба на владата во Мезеберг имаше голем конфликт меѓу министерот за екологија од редовите на социјалдемократската партија и оној за стопанство од христијанско-социјалната унија. Но, тоа не доведе до раскол во коалицијата.
За партнерите во владата повеќе се чини се поставува проблемот на зачувување на сопствениот профил во очите на избирачите. Така социјалдемократите, како помал коалиционен партнер се многу притеснети меѓу силната канцеларка која ужива голема поддршка во анектите, од една, и Партијата на Левицата во која има и социјалдемократски дисиденти, од друга страна. За нив може да биде фатално ако не најдат теми што ќе бидат специфично социјалдемократски, а тоа значи што ќе ги штитат интересите на работниците. Затоа СПД повторено ја враќа на дневен ред темата со воведувањето минимални надници во Германија. А може да се очекува и дека наскоро ќе уследат други, слични на оваа!