Политичката иднина на Бугарија останува неизвесна
6 октомври 2014Бугарските гласачи на изборите во неделата требаше да одговорат две прашања: Како земјата конечно да излезе од кризата? и: Дали и натаму ќе остане на евро-атланскиот курс? Надворешно-политичкото прашање доби сосема јасен одговор: Да, Бугарите и натаму се едни од најубедените Европејци и стојат зад својот збор за членството во НАТО - иако со помалку воодушевување од порано. Тоа би било разбирливо само по себе доколку не беше руско-украинската криза. Имено таа го подели бугарското општество. Традиционално блиските односи со Русија доведоа до, за европски размери, невообичано висока поддршка за политиката на Путин. Зависноста на Бугарија од речиси 90 проценти од рускиот гас го направи остатокот. Под раководство на последната влада на традиционално кон Русија пријателски ориентираните Социјалисти и партијата на турското малцинство, која според интерна проценка на германската БНД ја поддржувала и политиката на Кремљ во Бугарија, земјата беше на пат заедно со Русија да продолжи да го гради спорниот гасоводен проект „Јужен поток“ и покрај блокадата од ЕУ.
Втората атомска централа на Дунав, исто така руски енергетски проект во Бугарија, е повторно на дневен ред. Исто така поради местоположбата на Бугарија како надворешна граница на ЕУ и НАТО на Црното Море и политичари и народот стравуваат дека земјата би можела да западне во опасна ситуација меѓу Русија и западот. Резултатот од изборите меѓутоа покажува дека Бугарите осема јасно се одлучија за западна ориентација на својата земја.
Четири херкуловски задачи
Неодговорено меѓутоа останува внатрешно-политичкото прашање: Како понатаму? Бугарија е најсиромашната ЕУ држава со најнизок брутодомашен производ. Исто така постои чувство за висок степен на корупција и, според една Галуп-студија од 2012 година населението е најнесреќно. Финансиската криза силно ја погоди земјата и внатрешно политичката криза која трае речиси две години ги блокира итно неопходните реформи. Една силна нова влада би морала да реши најмалку четири тешки задачи. Прво - да ги подобри рамковните услови за економски пораст, со тоа што енергично ќе го поддржи домашното производство, кое слабее и подобро и без корупција да стопанисува со милијардите европски пари. Второ реформата на правосудството и администрацијата би морала да се спроведе колку што е можно побрзо. Трето да се затворат огромните дупки во законите за даноци и царини, преку кои година за година, според проценките се одлеваат три милијарди евра во рацете на олигарсите и криминалците. И четврто на лошо менаџираната политика во социјалниот, здравствениот и образавониот сектор, оптоворена со корупција и бирократија да и се даде сосема ново лице.
Повеќе пари за сиромашните, помалку реформи
Идната бугарска влада нема да може да ги реши овие четири задачи. Со исклучок на малата десно-либерална партија Реформски блок, која евентуално како помал колационен партнер би можела да влезе во владата, ниту победничката партија Герб, ниту разрешените Социјалисти немаат јасна реформска агенда. Оттука во Бугарија недостасуваат како пари така и волја за реформи и време, за да се донесат итно неоходните одлуки. Повеќе може да се очекува, земјата да ја олабави долгогодишната стрикна финансиска политика со најнизок дефицит во буџетот во ЕУ, и за сметка на нови државни задолжувања, да ја направи поподнослива состојбата на сиромашното население претстојната зима. Во поинаков случај предпрограмирани се нови протести против високите животни трошоци.
Наскоро повторно нови избори?
Дали ќе се формира централно-десничарска влада од Герб, Реформскиот блок и една мала партија на националисти или ќе биде формирана голема коалиција од конзервативците и социјалистите, ќе покажат коалиционите преговори. Во двата случаи Бугарија останува доверлив ЕУ и НАТО партнер, но и сиромашна земја, која се наоѓа во речиси хроничен реформски застој. И секоја можна владина коалиција под притисок на сопствените избирачи - и од улицата најверојатно и превдреме ќе се растури. По два предвремени парламентарни избори во рок од две години со тоа се отсликува натамошно гласање во Бугарија.