По смртта на Елуна, дебата за еутаназијата во Италија
10 февруари 2009Рекациите за смртта на Елуана Енгларо главно се воздржани. До доцна во ноќта, противниците на еутаназијата држеа стража пред домот во Удине, каде што таа беше сместена. Кратко по осум часот навечер, стигна веста дека почина 38 годишната Елуана, по 17 години во кома. Четири дена претходно лекарите престанаа да и’ даваат вештачка храна и вода. Татко и Бепино Енгларо со години се бореше за правото на неговата ќерка да умре. Но, и покрај соодветната одука на Врховниот суд на Италија, премиерот Силвио Берлускони последниве денови инсценираше дебата за еутаназијата. Со закон по брза постапка, којшто требаше да биде донесен денеска, тој настојуваше да ја спречи смртта на Елуана.
Расправија во Сенатот
По веста за нејзината смрт, Сенатот и Претставничкиот дом во Рим на кусо ги прекинаа седниците. Претседателот на Сенатот Ренато Скифани: „Ги молам сите колеги во салата со минута молчење да и’ оддадеме почит на починатата.“
Во Сенатот на крајот дојде до остра расправија, бидејќи сенаторите на владејачките партии и’ префрлаат на опозицијата дека носи дел од вината за смртта на Елуана Енгларо. Маурицио Гаспари, шефот на пратеничката група на владејачката коалиција ПДЛ: „Ова е трагичен момент, момент на сочувство. Првиот впечаток ми е дека станува збор за еутаназија. Сите кои рекоа нешто друго, сега мора да се обидеме да разбереме што се случило во оваа куќа, што се вика Спокој, но чие име би требало да биде - смрт.“
Ватикан остро реагира
Првата реакција на Ватикан исто така беше остра. Кардиналот Бараган задолжен за здравствени прашања ја осуди смртта на Елуана со молба, Господ да им прости на сите кои биле виновни за тоа. Претседателот на Италија, Џорџо Наполитано, на семејството му изрази длабоко сочувство, а премиерот Силвио Берлускони рече дека длабоко жали што владата била оневозможена да спаси човечки живот, затоа што претседателот Наполитано, повикувајќи се на судската одлука, одби да го потпише владиниот декрет со кој се забранува да се прекине вештачкото одржување на пациентката во кома.
За две недели Сенатот повторно ќе расправа за закон со кој би се регулирала волјата на пациентите како да се постапи со нив во таква ситуација.