Петер Вајс за референдумот во Црна Гора
22 мај 2006Во изјава за Дојче Веле тој изразува надеж дека нема да има спорења околу резултатот. Независна Србија и независна Црна Гора според него ќе мора заедно да работат на стабилноста во регионот. На прашањето како тоа би се одразило врз Косово тој вели:
„ Независноста на Црна Гора нема никакви значајни последици околу прашањето Косово. Мнозинството во покраината веќе со децении работи за независност и преговорите сами по себе се доволно тешки. Но мислам дека прашањето Косово е сосема друго прашање. Оттука сметам дека тие две прашања мора да се гледаат одвоено„
На констатацијата дека со тоа е речиси завршен процесот на распаѓање на поранешна Југославија Вајс вели:
„ Тоа е точно, сите покраини или републики постигнаа или се на пат кон независност, освен Војводина. Прашање е што потоа? Сите тие држави сакаат во Европа и се поставува прашањето кога тоа ќе се оствари. Мислам дека успешно остварување на независноста е една работа, а друго е прашањето дали тие држави се во состојба да повлечат брзи чекорти кон интеграција во поголема заедница каде тесно ќе соработуваат сите држави од ЈИЕ. Прашање е дали ќе ги исполнат сите услови за членство во ЕУ. Оние кои до вчера заговбараа независност или беа против неа сега мораат да ги поведат граѓаните на патот кон евроинтеграциите каде ќе мораат што побргу да ги заборават острите зборови од вчера„ изјави за Дојче Веле германскиот пратеник Петер Вајс