Грчкиот парламент денеска би требало да ја одобри новата рунда мерки за штедење, што според очекувањата, ќе влијае на исплатата на новите транши помош за Атина и ублажувањето на долгот. Пред парламентот и денеска демонстрираат пензионери и незадоволни граѓани. Бродските превозници го продолжуваат штрајкот трет ден по ред.