Папата Бенедикт 16, владината криза во Италија
21 април 2005Весникот „Брауншвајгер цајтунг„ по изборот на Папата Бенедикт 16 забележува:
„ Јосеф Рацингер светот повеќе ќе го импресионира со своите говори, а помалку со дела, како што беше случај со неговиот претходник Јован Павле Втори. Новиот Папа е блескав ерторичар, кој нема да фасцинира само милијарда католицит, туку целиот свет. Црквата ќе се помести бидејќи бидејќи тој со силните зборови нема да ита кон духот на времето во кое живееме, туку нам, ним ќе ги покаже големите вредности„ пишува „ Брауншвајг Цајтунг„
„ Норзе Цајтунг„ во денешниот коментар пишува за шпекулациите според кои Рацингер е компромисен избор на кардиналите
„ Такаречи преодниот папа кој заради својата длабока старост ќе владее само неколку години во кои ќе се профилира неговиот наследник. Тоа милсење наскоро би можело да се покаже како голема заблуда„ предупредува „ Нордзе Цајтунг„
„ Штутгартер Цајтунг„ смета дека одлуката за Рацингер ќе биде тешко разбирлива за црковната база во Европа:
„ Причината за тоа не се грешните оценки за него како личност. Рацингер е високообразован, размислува поинаку од останатите, а во малите кругови е дури и драг човек. Никој така добро не го познава Ватикан како него и знае да изненади со своите мисли. Но, од неговиот претходник се разликува темелно во една работа: тој нема да ги освојува луѓето како што тоа го знаеше неговиот претходник Јован Павле Втори„ забележува „ Штутгартер Цајтунг„
Покрај коментарите за изборот на новиот Папа Бенедикт 16 дел од германските весници коментираат и други теми. „ Нојес Дојчланд„ во денешниот број одвојува значаен простор за оставката на италијанската влада на премиерот Силвио Берлускони. Коментаторот во својот текст забележува дека конечно поминало времето на популизмот на Силвио Берлускони:
„ Бизарниот премиер сега отвара пат кон формирање нова влада, на која повторно сака да застане на чело. При тоа сите карти ги полага на она што е заедничко на сите членови на пропаднатиот владин кабинет; стравот од предвремени избори. Мнозинството италијани се заситени од Берлускони, самопрогласениот исцелител. Додека тој како стопанственик заработува милијарди, Италија под негово политичко водство се подлабоко тоне во социјална катастрофа„ закључува во денешниот коментар весникот „ Нојес Дојчланд„