Пападимос за останување на Грција во еврозоната
15 ноември 2011Грчкиот премиер Лукас Пападимос пред пратениците нагласи дека Грција може да ги исполни обврските. Утре парламентот во Атина ќе гласа за доверба на новата влада и курсот на премиерот Пападимос.
Рачно изработена бомба експлодира синоќа пред канцеларијата на грчкиот заменик-министер за надворешни работи Марилиза Ксенојанакопулу, причинувајќи лесни штети, но не и жртви, соопшти полицијата. За бомбата биле користени шишиња со гас, систем карактеристичен за грчките анархистички организации. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, извршен неколку часа по обраќањето на новиот премиер Лукас Пападимос пред Парламентот, во кое тој ја истакна неопходноста од штедење за да се гарантира останувањето на Грција во еврозоната.
Автор: ГЧ/ ЖА/ миа/ дв
Редактор: А.Трајковска