Панета: Израел да се врати на преговарачката маса
3 декември 2011Реклама
Израел мора да биде подготвен на ризици за да се постигне напредок во напорите за постигнување мир на Блискиот Исток, порача министерот за одбрана на САД, Леон Панета. Тој додаде дека еврејската држава мора да стори нешто против нејзината изолација на Блискиот Исток. Партнери за разговор пред се’ би можеле да бидат Турција, Египет и Јордан.
„Арапската пролет е шанса за Израл да се врати на сигурна позиција во регионот“, додаде американскиот министер за одбрана. Тој дополни дека САД остануваат посветени на безбедноста на Израел и оти нема да дозволат Иран да дојде во посед на нуклеарно оружје. „Воен напад врз Иран е последно средство“, порача Леон Панета.
Автор: СН/ АТ/ дв/ ртр
Редактор: Александра Трајковска