Пакистан се движи кон хаос
28 декември 2007По изборниот собир во Равалпинди Беназир Буто само што сакала да влезе во автомобилот,кога се случил атентатот.Непознатиот напаѓач стрелал врз неа,ја погодил а потоа самиот се разнел во воздух.Харизматичната политичарка во болницата подлегна на тешките повреди.Заедно со неа загинаа многу нејзини следбеници.
Мушараф најави војна против терористите
Пакистанскиот претседател остро го осуди нападот.Тој прогласи тридневна народна жалост,сите знамиња се на половина копја:„Овој напад е најсвирепиот чин на терористите против кои водиме војна.Секогаш велев дека терористите се најголема опасност за Пакистан.На овој тажен ден сакам да дадам ветување на народот на Пакистан и истовремено да ја побарам неговата поддршка и трпение.Ветувам дека нема да запрам со борба против терористите и дека ќе ги уништам нивните корени.Тоа е единствениот пат кој ќе му помогне на Пакистан во неговиот развој.Терористите се најголема пречка во демократскиот развој“,изјави Мушараф.
„Таа го даде својот живот за Пакистан и за целиот регион“,рече Карзаи.
Трн во окото за Талибанците
Беназир Буто беше особено неомилена кај симпатизерите на Талибанците,кои по нејзиното враќање од егзил во земјата и се закануваа со насилство,зашто најмногу од сите политичари се залагаше за демократија,а ја поддржуваа и САД.Таа го поддржа претседателот Первез Мушараф кога во летото даде наредба за заземање на Црвената џамија во Исламабад, во која со недели беа забарикадирани радикалните исламисти. Кога Бензир Буто се врати на 18 октомври по осум години отсуство од Пакистан,врз неа веднаш беше извршен атентат.Загинаа 140 луѓе,а таа беше неповредена.►◄