Обновена заканата за терористички напади во Италија
7 август 2004Истата група минатиот виекнд и даде 15-ет дневен рок на италијанската влада да го повлече контингентот или да се соочи со нападите.
“ примиерјето кое ви го понудивме , набргу ќе заврши. Нашите ќелии во Рим а во сите останати италијански градови се подготвени да ги изведат своите мисии по завршувањето на примирјето на 15-ти овој месец”- се вели во изјавата потпишана од Бригадите Абу Хафс ал Масри, организација сојузник на Ал каеда.
Нема да се чувствувате безбедно во вашите домови . Секое место ќе биде цел по завршувањето на примирјето а целите се веќе одредени” – се вели натаму.
Милитантите преупредуваат дека зборот на “брогадите” ќе биде слушнат длабоко во Италија и ќе биде чуен и во останатиот дел од Европа. Секој оној кој им нанесува зло на Муслиманите во Ирак и во останатите исламски земји врз себе ќе ја горчината на страдањето на Муслиманите .
Италијанскиот премиер Силвио берлускони , како близок сојузник на САД ја подржа минатогодишната инвазија на Ирак со цел соборување на режимот на садам Хусеин .
Италија има околу 2700 војници во Ирак.
Властите во земјата веќе ги засилија безбедносните мерки , идентификувајќи околу 14 илјади потенцијални цели , меѓу нив и седиштето на римокатоличката црква во Ватикан.
Околу 4000 војници се мобилизирани да и помогнат на полицијата да ги заштити италијанските граадови .
Инаку Бригадите Ал Масри веќе имаат упатено закани до европските земји , истакнувајќи дека ќе започнат со Италија , поради тоа што не одговорила на примирјето кое го понуди лидерот на Ал Каеда Осама Бин Ладен, и чив рок истече во јули.
Споредтоа примирје на Европејците им беше даден рок од три месеци да ги повлечат силите од Авганистан , Ирак и останатите муслименски земји или во спротивно да се соочат со бомбашки напади како оние врз возовите во Мадрид во март годинава , во кои загинаа 190 лица.