Новата тонска порака на Осама бин Ладен емитувана во интернет веројатно е автентична.
17 декември 2004Според првите испитувања, се чини дека говорникот навистина е водачот на терористичката мрежа Ал каеда, рече американскиот министер за надворешни работи Колин Пауел во Вашингтон. На снимката наводниот бин Ладен ги напаѓа саудиските владетели пожестоко од кога и да е. Индиректно во пораката Осама бин Ладен повикува на напади врз петролејската индустрија во регионот на Персисикиот залив: “Еден од главните мотиви на нашите непријатели да владеат со нашите земји е да ја крадат нашата нафта. Насочете ги сите свои напори да се спречи најголемата кражба во историјата. Спротивставете се на тоа, концентрирајте ги вашите операции на тоа, особено во Ирак и во Заливот” – вели бин Ладен.
Снимката се појави вчера на еден исламски сајт во интернет. За последен пат Осама бин Ладен се јави за збор во октомври.