Нова бегалска трагедија пред Лампедуза
12 мај 2014Италијанската морнарица од водата досега извлекла тела само на неколкумина настрадани, но италијанското радио јавува дека околу 150 луѓе се водат уште за исчезнати. По потонувањето на чамецот со кој бегалците се упатиле кон италијанскиот брег, спасени биле 240 лица. Посадата на еден товарен брод за влечење нафтени платформи ги забележала бегалците стотици морски милји од Лампедуза и ги алармирала италијанските власти. Утрово патролен брод на италијанската крајбрежна стража собрал 97 сомалиски бегалци и ги пренесол на Сицилија. Мигрантите, меѓу кои 61 дете без придружба и две жени во поодминат месец на бременост, се нашле во тешка ситуација при пловењето кон Лампедуза. Во неделата загинаа најмалју 40 лица пред либискиот брег во обидот да стигнат со чамец до Европа.
Според италијанското министерство за внатрешни работи, од почетокот на годинава во земјата стигнале околу 25 илјади бегалци. За да спречат трагедии на отворено море, морнарицата и крајбрежната стража од минатата есен засилено патролираат меѓу Либија и Италија.