Нов самоубиствен напад во Израел
27 октомври 2005Нападот се случи попладнето на еден пазар.Крв насекаде,искршени прозорци ,повредени.Експлозијата беше силна,јавуваат очевидците.
Радикалната палестинска група Исламски Џихад ја презеде одговорноста за терористичкиот акт,кој како што соопшти,е одмазда за убиството на Лај Сади,шеф на Џихад за Западен Јордан.Сади на почетокот на неделата беше убиен од страна на изралеските војници во една рација.
Израел веднаш по палестинскиот самоубиствен напад презеде радикални мерки.Министерот за одбрана Шаул Мофас дал зелено светло за обновување на стратегијата на целно убивање ,како што соопшти израелското радио.
Израелскиот министер за полиција Гидеон Езра го потврди тоа:
„Немаме друг избор освен да ги напаѓаме терористичките водачи.Убеден сум дека нашите разузнавачки извори за неколку дена ќе знаат точно кој стои зад нападот.Мораме да ги неутрализираме тие луѓе.За жал,палестинските автономни власти не прават ништоза да спречат влегување на терористи.Ги повикувам да помогнат и да се потрудат терористите да не навлегуваат во Израел.“
Палестинскиот претседател Махмуд Абас го осуди атентатот,за кој рече дека им штети на палестинските интереси.