Гевра наместо евра за Грција?
15 мај 2015Што би било кога грчката влада на службениците или пензионерите веќе не би им плаќала во евра, туку во должнички обврзници? Со т.н гевра би можела да се плаќа киријата или да се купува. Што би се случило тогаш?
Геврата, кои би важеле во Грција како паралелна валута, веднаш би имале помала вредност од еврото. А тоа е добро, велат економистите.
Зашто, преку слабата валута, грчките производи во странство би биле поевтини. Фирмите би имале подобри шанси да бидат поконкурентни. Економијата би добила поттик, така барем гласи теоријата. А државата би можела да го искористи подемот за спроведување реформи.
Колку би одело подобро во областа на економијата, толку геврата би добивале на вредност. Кога би се приближиле до еврото, тие повторно би биле укинати.
Грција би била санирана без да мора да се откаже од членството во европската монетарна унија. А би била доволно силна за да може повторно да „свири во оркестарот“ на евро-земјите.